еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Трет случај на конго кримска хеморагична треска, заболен е 42-годишен маж од Велес

Во доцните вечерни часови на 12.08.2023 година, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Инситутот за јавно здраввје (ИЈЗ) е телефонски известен за позитивен резултат на конго кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, информираат од ИЈЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите на конго-кримска хеморагична треска од која е заболен вработен на Инфективна

-Тестирањата се направени на Одделението за вирусологија при ИЈЗ.

Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден.

Почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е пет дена пред преглед во Општата болница во Велес.

Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.

Во моментов, пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и во стабилна општа состојба.

Во контекст на пристапот “Едно здравје“ (One health) контактирана е Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни истражувања на терен.

Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ е во комуникација со ЦЈЗ Велес и ја следи состојбата, а доколку има промена, соодветно ќе информира, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Болничарката со конго-кримска хеморагична треска прими прва доза „рибавирин“

Обезбеден лекот за конго-кримска хеморагична треска, болничарката во стабилна состојба

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 232 болни од Ковид-19

Редакција

Заев за избори во првиот можен термин, Мицкоски на крајот на летото

Редакција

Државниот инспекторат за транспорт вработува, плата од 25.002 денари

Редакција