еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија не признава само Македонци и Помаци

Главно оправдување на официјална Софија зошто одбива да ги регистрира здруженијата на Македонците и покрај пресудите од Судот за човекови права во Стразбур е дека Бугарија не признава етнички малцинства.

Тоа е мантрата која постојано ја слушаме од бугарските официјални личности, но, вистината е дека Бугарија признава и прифаќа девет поголеми традиционални етнички малцинства, иако нивните права се далеку од меѓународните стандарди, пишува во обемна анализа Само прашај, проект на Институтот за комуникациски студии, прва од ваков вид во Македонија.

Бугарија има и Национален совет за соработка за етничките и интегративните прашања, владино тело што го води вицепремиер, кое има обврска да создаде услови за етничките малцинства да си го сочуваат идентитетот.

Има регистрирано здруженија на повеќе етнички заедници, иако скромно, сепак се изучуваат и малцинските јазици, а единствено Бугарија не признава Македонци и Помаци, кои се со исламска вероисповед, но зборуваат бугарски јазик.

Бугарија, Македонците, ниту ги признава, ниту ги прифаќа како одделна етничка група на својата територија, ниту пред, ниту по 1878 година, ниту како традиционални, ниту како имигранти, иако е познато дека имигранти – бегалци од Егејска Македонија во Бугарија има неколку стотици илјади, од времето на Балканските војни и подоцна, но сите тие се сметаат за етнички Бугари.

И тоа не е ништо ново и неочекувано. Тоа е долгодецениска политика на Бугарија која единствено беше напуштена во периодот по Втората светска војна, кога официјална Софија за време на владеењето на Георги Димитров почнува да воведува културна автономија на Македонците во Пиринска Македонија, па сè до 1956 година кога таа политика е напуштена.

„Во пракса, политиката на негирање на малцинствата беше надмината по падот на комунизмот. Денес во Бугарија се признати и регистрирани здруженија на Турците, Ромите, Евреите, Ерменците, Власите, Русите, Украинците, како и организации на многу од новите заедници на мигранти од различни земји. Исклучок се само Македонците.

Иако сите пописи на населението во последните години регистрираат присуство на Македонци во Бугарија, бугарските власти одбиваат да ги регистрираат нивните здруженија.

Притоа, во еден од случаите кога е регистрирано вакво здружение, неговата регистрација била оспорена лично од јавниот обвинител и истата била прекината од страна на судот.

Според тоа, единственото тело овластено на национално ниво да работи за интеграција на етничките малцинства, Националниот совет за соработка за етнички и интегративни прашања, никогаш не се занимавал со правата на Македонците и никогаш немал македонски организации меѓу своите членови“, вели Красимир К’нев од бугарскиот Хелсиншки комитет.

Целата анализа ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драга Захариева, не е голема работа и да признаете дека во Бугарија живеат Македонци

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Министерот Бектеши во Тирана корегираше новинарка, не бил „македонски“ министер

Редакција

Грција е задволна од досегашната имплентација на Преспанскиот договор, порача од Скопје грчкиот министер Дендиас

Редакција

Трговскиот центар East Gate Mall се отвара во октомври

Редакција