еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Драга Захариева, не е голема работа и да признаете дека во Бугарија живеат Македонци

Поранешата бугарска министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, вели дека не било голема работа да се впишале Бугарите во македонскиот Устав, оти било факт дека во Македонија живееле Бугари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Измената на Уставот „не е голема работа“, смета Захариева

Драга Захариева, тогаш зошто би било голема работа да признаете дека во Бугарија живеат Македонци и да им дозволите да си формираат здруженија и да си делуваат политички, како во секоја нормална земја членка на Европската Унија, вредности кои треба твојата држава, како членка на оваа заедница, да ги спроведува и негува, но не го прави тоа.

И не само како членка на ЕУ.

Напротив кога се во прашање Македонците во Бугарија правите се против нив, институционално. Само против нив и Помаците, не и кон другите заедници (далеку од тоа дека и другите имаат некои права).

И од Судот за човекови права во Стразбур со децении неколку пати Ви го кажаа истото.

Плус и пописот кој го спроведе твојата држава покажа дека имате Македонци. Не само последниот, туку и сите други претходни.

И логиката вели дека е нај нормално во две соседни земји да живеаат народи од двете земји.

Во Македонија се признати сите можни етнички групи, вклучувајќи ги и Бугарите. Можете само да учите од нас како тоа се прави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија финансира медиум во Македонија, открива уредникот на медиумот

Бугарите овде си имаат и партии и здруженија. Еден куп за толку малку Бугари. И медиуми си имаат.

Да, точно е дека на сите нас не ни одат во прилог лошите односи помеѓу двете земји. Ама за да имаш проблем треба најмалку двајца, а проблемите помеѓу Македонија и Бугарија се влошија во времето кога ти беше министерка. Провери си ги изјавите за Македонија и Македонците од тоа време, па после дели совети.

А тоа дали ќе се селат Македонци, не е твој проблем. Твој проблем е колку Бугари се иселиле од Бугарија и зошто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија не признава само Македонци и Помаци

Фото: Захариева/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЕФА ја исправи грешката, „челниците“ на ФФМ се Македонци, а не „Северномакедонци“

Редакција

Пасоши и лични карти со новото уставно име на државата од следната година

Редакција

МЕПСО доби нов директор и членови на Управниот и Надзорниот одбор

Редакција