еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Во ЕУ баш Скендер Реџепи – Зејди го чекаат

Од непотребниот циркуз вчера во Собранието, иако власта веќе една година е свесна дека нема 80 пратеници за да ги донесе уставните измени, најмногу негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи имаше за независниот пратеник Скендер Реџепи – Зејди, кој меѓудругото кажа и дека доколку не се донесат уставни измени, можело да се случи „албанските“ општини во Македонија сами да тргнат на патот во ЕУ, без македонските.

Господине Зејди, албански општини во Македонија нема, има само македонски. Тоа прво.

Второ вакви изјави за ситни политички поени не водат до решение, туку предизвикуваат контраефект. Се надеваме дека сте свесни дека тоа што го зборувате е нереално.

Трето, Вас не Ве плаќаат граѓани од друга земја, туку граѓаните на Македонија.

Четврто, вакви изјави со заплашување веќе не проаѓаат. Плус да Ве потсетиме дека сега си имате работа со земја членка на НАТО.

И последно, ЕУ не сака политичари кои предизвикуваат конфликти и тензии, туку одговорни.

Полека!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е пратеникот од СДСМ кој не гласаше за дневниот ред за седницата за уставните измени, но и за францускиот предлог

Пратеници од СДСМ и Партијата на пензионерите не гласаа за дневниот ред за седницата за уставните измени

Заврши расправата за уставните измени, власта не најде 80 пратеници, гласањето одложено

Фото: Реџепи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Благодатниот оган пристигна на аеродромот во Скопје со бугарскиот владин авион

Редакција

„Спушти се доле“ – Концерт на Слаткаристика и Тони Зен на 5 април во Скопје

Редакција

„Македонска пошта“ вработува 80 лица, плата до 23.381 денари

Редакција