еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратеници од СДСМ и Партијата на пензионерите не гласаа за дневниот ред за седницата за уставните измени

Пратеникот од владејачката СДСМ, Диме Велковски, не гласаше за дневниот ред за седницата во Собранието, на кој единствена точка беа уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е пратеникот од СДСМ кој не гласаше за дневниот ред за седницата за уставните измени, но и за францускиот предлог

Велковски, кој вчера беше отсутен, не гласаше ниту за т.н. француски предлог, а за дневниот ред не гласаше ни Илија Николовски од Партијата на пензионерите, коалиционен партнер на СДСМ.

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека по прашањето за уставните измени во СДСМ и коалициските партнери има единство.

„Илија Николовски, претседателот на Партијата на пензионерите имаше проблем со притискање на копчето на системот за гласање, па дневниот ред беше изгласан со 70 гласови.

Пратеникот Велковски не беше присутен, а неговото отсуство беше најавено, што не значи дека нема да биде присутен на наредните седници“, изјави Ковачевски на прес конференција по завршувањето на седницата без гласање, бидејќи нема 80 пратеници.

На владејачките партии за усвојување на уставните измени им фалат осум пратеници, без Велковски и Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ЕУ баш Скендер Реџепи – Зејди го чекаат

Заврши расправата за уставните измени, власта не најде 80 пратеници, гласањето одложено

Македонскиот Уставот досега менуван 8 пати со 36 амандмански интервенци 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професор Дејан Трајковски: Изгледа се нормално, но можеби мутацијата на Ковид-19 тивко се размножува и може да се случи катастрофа

Редакција

Од недела заладување со врнежи од дожд и снег и на пониски места

Редакција

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија: Денарот останува стабилен

Редакција