еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Татјана Јанушева на насловната страница на магазинот  ЕЛ – Србија

Нашиот веќе докажан интернационален модел Татјана Јанушева се најде на насловната страна на престижното модно списание во соседна Србија.

Јанушева беше пред две недели во соседна Србија за да го изработи модниот едиторијал и насловната страна за најновиот број на модниот магазин.

„Татјана потпиша договор со една од најдобрите модни агенции Next Models и веќе се спрема за ново модно освојување. Последните две години работеше на одлични кампањи и за големи докажани брендови„ додека престојуваше во модните центри како Милано и Париз.

Кариерата успешно и ја води прекрасната Јелена Ивановиќ и целиот нејзин тим кои препознаа кај нашата убавица карактерисики на врвен светски интернационален модел. Горди сме на неа и нејзините успеси докажуваат дека нашата земја има што да понуди во светскиот моделинг,“  велат од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Садула, Латас, Тамара: Дотолчена разнишаната верба на Македонците во државата

Редакција

Уапсени три лица за убиството на 22-годишното момче од Струмица

Редакција

(Видео) Автобус на ЈСП се запали во Бутел

Редакција