еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Уапсени три лица за убиството на 22-годишното момче од Струмица

Во раните утрински часови во Радовиш и селото Дедели кај Валандово полицијата ги пронајде и ги лиши од слобода осомничените за синоќешното убиство кое се случи во Турското маало во Струмица, на улицата „Бетовенова“.

Приведени си М.Ј.(22), Р.А.(33) и Ј.Т.(44), сите од Струмица.

Според МВР, синоќа околу 19:30 часот по претходна расправија заради нарушени меѓусемејни односи, на улицата „Бетовенова“ во Струмица, М.Ј. со остар предмет му нанел повреди на А.Б.(22) од Струмица, кој подоцна починал во Медицинскиот центар Струмица.

Додека, Р.А., исто така, со остар предмет ги нападнал и повредил Б.Ј.(69), З.Б.(45) и О.Б.(20), сите од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица. Во нападот учествувала и Ј.Т., мајка на М.Ј..

По пријавување на случајот, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки, сторителите се лишени од слобода, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ј. и биле подигнати предмети поврзани со кривичното дело.

Од Основното јавно обвинителство на Струмица информираа дека телото на починатото момче е дадено на обдукција заради повеќе убодни рани, а по целосно документирање на случајот полицијата ќе поднесе соодветна пријава прорив осомничените лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во тепачка меѓу две семејства во Струмица убиено 22-годишно момче

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Велигден дожд: Времето ќе биде променливо до крајот на неделава

Редакција

Активни пожари во Скопско и Демиркаписко, локализирни во Дивље и Виница

Редакција

Состојбата на Џафери e стабилна не е позитивен на корона вирусот, конститутивната седница ќе биде закажани во уставниот рок

Редакција