еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Водата во велешко езеро „Младост“ може да се користи за капење

Според најновите резултати на примероци од вода на велешкото езеро „Младост“ од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес и Институтот за јавно здравје од Скопје водата во велешкото езеро „Младост“ е добра и може да се користи за капење и рекреација, се вели во извештајот на ЈЗУ Центар за јавно здравје. Испитувања биле направени трипати и тоа на 16 август, на 17 и 22 август.

Примероците на вода, освен во ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес се испратени и во Институтот за јавно здравје во Скопје, и двете институции потврдуваат дека водата во езеро „Младост“ е исправна и може да се користи за капење и рекреација. Примероците на вода се направени како и досега на Градска плажа 1 и на плажата кај Хотел „Романтик“.

Извештајот е доставен до Државниот санитарно здраствен инспекторат, до Општина Велес –одделение за животна средина и ЈП Водостопанство „Лисиче“ Велес.

Општина Велес повторно ја ангажира лабораторијата „Фуд Лаб“ од Скопје која мостри од водата од езеро „Младост“ повторно зема вчера, 24 август. Резултатите од анализата на квалитетот на водата се очекува да стигнат од вторник, 29 август, информираат од Општина Велес.

Општина Велес се одлучи на повторно испитување на квалитетот на водата во езеро  „Младост“ откако претходните анализи направени на 11 август годинава од страна на лабораторијата „Фуд Лаб“ од Скопје покажаа надминување на граничните вредности за присуство на „цревни ентерококи“ и „ешерихија коли“ во водите на езеро „Младост“, на локациите „Брод Панини“ и „Градска плажа 1“.

Тој извештај беше причина, Општина Велес на 16 август да издаде соопштение во кое беше наведено дека водата на велешко езеро „Младост“ не е препорачлива за капење и рекреација.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв пат во Македонија поставена протеза која заменува дел од ногата и целиот зглоб

Редакција

Лавров и Блинкен на едно место: Во Скопје денеска почнува Самитот на ОБСЕ

Редакција

Денеска почнува пролетта, сончeво и топло време со температура до 21 степени

Редакција