еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Го видоа ли од НАТО знамето на „голема Албанија“ во Тетово

Само неколку дена откако во Тетово за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти, се веше знаме со карта на „голема Албанија“, вчера исто беше закачено и на отварање на улица, а градоначалникот и лидер на партијата Беса, Биљал Касами се фотографираше баш пред него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИѓ

На промоција на асфалтирана улица во Тетово повторно се вееше знаме со карта на „голема Албанија“

На новинарите им даде бизарно објаснување – дека демек граѓаните го поставиле како одговор, како што рече, на провокации на власта за претходниот инцидент.

И нормално како и во претходниот случај ниту се огради, ниту се извини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) МВР објави фотографија од лицето што го вееше знамето со „голема Албанија“, бара помош од граѓаните

Касами е школски пример како со потикнување на меѓуетнички тензии се покрива сопствената неспособност. Тетово во негово време остана еден од најзагадените градови во Европа и пошироко, не доби парк, новите улици се чудо, владе урбаната мафија, а деновиве жителите на општината по којзнае кој пат се гушеа во чад од депонија која гореше. Оваа знаме ама баш ништо нема да им реши на граѓаните.

За македонските политичари знаеме дека се неспособни и за жал Касами не е единствениот пример за тоа. Изненадува што за вакви инциденти изостанува силна реакција од меѓународниот фактор кој со децении ни виси над глава и се нешто бара и укорува.

Една од причините со кои не убедуваа да се смени името на земјата, за да Македонија стане членка на НАТО, беше дека ќе се гарантира безбедноста на земјата.

Вакви инцидети не одат во прилог на никој, ниту на безбедноста, а во оваа приказна не е засегната само Македонија, туку во картата на „голема Албанија“ има уште две членки на НАТО, Грција и Црна Гора.

Време е меѓународната заедница и НАТО да му дадат кец на Касами, пред да биде доцна, посебно сега во време на нови тензии на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ЕУ баш Скендер Реџепи – Зејди го чекаат

За пречекот на Курти без државното знаме во Тетово ќе има прекршочен судски процес прoтив Општина Тетово

Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 7.616: Од Ковид-19 починаа 7 лица

Редакција

Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП

Редакција

Владата објави список со актуелните „тајни хонорарци„

Редакција