еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Американската сојузна држава Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД

Гувернерката на американската сојузна држава Мичиген, Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство.

Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, пренесе Гласот на Америка.

-Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.

Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

Викендов, во Детроит се планирани активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Витмер вели дека македонските имигранти почнале да доаѓаат во САД од пред повеќе од еден век, а денес има над половина милион Американци со македонско потекло во државата.

Нејзината прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

– ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина, изјави коосновачот и волонтерски претседател на ОМД, Мето Колоски.

Мичиген во 2020 година, го прогласи 8 септември за ден на македонските бизниси, а во 2021 година и Претставничкиот дом на Мичиген донесе резолуција со која го прогласи септември за месец на македонско-американско наследство.

Во оваа сојузна држава живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Резолуција во американскиот Сенат за македонскиот јазик, култура и историја

Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана, Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе направи сè американскиот Сенат да не донесе резолуција за Македонците, вели бугарската министерка за надворешни

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанскиот министер за надворешни работи денеска во Скопје

Редакција

(Вознемирувачко видео) Израел во Газа уби најмалку 1.524 деца, а рани речиси 4.000

Редакција

Доктор Беќаровски со совети пред почетокот на второ полугодие: Училниците да се проветруваат пет минути по секој завршен час

Редакција