Денеска пред Владата и пред Министерството за здравство ќе се протестира за наводите за криминал на Клиниката за онкологија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што објавија медиумите за наводите за криминал на Онкологија
Протестот го организираа граѓани на социјалните мрежи, а ќе почне од 18 часот пред Влада, а потоа ќе продолжи пред Министерството за здравство.
– Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија, кои со месеци во живото – загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово.
Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години, стои во објавата на Фејсбук за протестот.
Како што додаваат организаторите на протестот, се бара одговорност од некогашните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали, актуелниот министер Фатмир Меџити, од замениците Илир Хасани и Маја Манолева, од поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова и актуелната, Рената Младеновска, како и од поранешниот организационен директор на Клиниката, Нехат Нухи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Точно е дека имаше кражби на лекови, вели поранешниот директор на Онкологија, Васев