еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос

Едно лице го загуби животот, откако врз него паднал ѕид, а еден е исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос, според портпаролот на противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос, јави дописничката на МИА од Атина.

Локалните медиуми од Волос објавија дека загинатиот е сточар на околу 70-годишна возраст, а животот го загубил откако бил поклопен од ѕид, што паднал поради лизгање на земјиштето, во моментите кога мажот се обидувал да стигне до делот во кој ги чува овците.

Станува збор за прва жртва во Грција од невремето „Даниел“ што од вчера ја зафати земјата, а засега, најпогоден е градот Волос.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека постојат информации за уште едно лице кое исчезнало со автомобилот и се трага по него.

Од силното невреме поплавена е и болницата во градот, а поради поплавите во Волос до жителите, преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака дека со одлука на полицијата забранет е сообраќајот во поширокиот дел на градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Невремето „Даниел“ предизвика проблеми и поплави во одредени делови на Грција

МИА/Фото/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се новите кадри во раководството на Алтернатива

Редакција

Со хронични здравствени состојби 308 лица од заразените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Партија основана од бивши нацисти победи на изборите во Австрија

Редакција