еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Врховен не бил консултиран за измените на Кривичниот законик

Одделот за казниви дела при Врховниот суд на денешната седница ги разгледа измените на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, информираат од таму.

На денешната седница биле разгледани и измените во врска со злоупотребата на службената положба и овластување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои судски предмети застаруваат со измените на Кривичниот законик

На седницата било истакнато дека подготвувањето на законски измени кои имаат влијание врз судските постапки мора да биде спроведено низ транспарантен процес преку јавна дебата и стручна расправа.

„Во Врховниот суд од страна на Министерството за правда не беа доставени на мислење предметните измени на Кривичниот законик. Со тоа беше оневозможено Врховниот суд да даде мислење за донесените законски измени кои претставуваат прашање од висок јавен интерес.

Врховниот суд смета дека донесувањето на законски измени без транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа е спротивно на заложбите за реформи на законодавството во согласност со европските стандарди.

Врховниот суд на Република Северна Македонија секогаш давал поддршка на законски решенија кои придонесуваат за ефикасна борба против корупцијата и криминалот и поаѓајќи од тие заложби и во минатото немал забелешки за висината на казните за предметните кривични дела, ниту предложил нивно ублажување“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ загрижена дека измените во Кривичниот законик може да влијаат врз случаите на корупција на високо ниво

Правниот тим на Амбасадата на САД ги разгледува измените на Кривичниот законик

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Граѓаните во двете земји треба да знаат за што се разговара, финалното решение да се дебатира и во Собранието

Редакција

Во новиот бугарски Парламент влегуваат шест партии, води Борисов

Редакција

(Фото) МНР се извини: Османи ја пречека колешката Фајон од Словенија, со словачко знаме

Редакција