еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Правниот тим на Амбасадата на САД ги разгледува измените на Кривичниот законик

Правниот тим на американската Амбасада ги разгледува измените во Кривичниот законик, јас лично не сум ги видела, така што не можам да ги коментирам, но како што беше соопштено и од Стејт депарментот потребно е да се следат процедурите на правниот систем на земјава, изјави денеска американската амбасадорка, Анџела Агелер одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за брзото усвојување на измените на Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Македонија, велат од Стејт департмент за измените на Кривичниот законик

-На тоа прашање одговоривме во петокот, правниот тим на американската Амбасада ги разгледува, јас лично не сум ги видела, така што не можам да ги коментирам и како што кажавме во соопштението на Стејт депарметнот потребно е да се следат процедурите на правниот систем на земјава, рече амбасадорката денеска на почетокот на работата за изградба на Коридорот 8.

Од прес-службата на Стејт депарментот претходно за Гласот на Америка на македонски јазик соопштија дека корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Македонија, одговарајќи на прашањето дали новите измени во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за злоупотреба на функцијата и за злосторничко криминално здружување ќе ги отежнат напорите на САД да помогнат во борбата против корупцијата во државата.

-Ја охрабруваме Северна Македонија да ги исполни нејзините ветувања за борба против корупцијата. Лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи, антикорупциски резултати преку зајакнување на институционалната независност и спречување на политичкото мешање, особено во судствотото, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата, нагласува Стејт департментот.

Собранието со европско знаменце и во забрзана постапка ги помина минатата недела измени на Кривичниот законик, кои предвидуваат пониски казни за службени лица и функционери кои ќе ја злоупотребат својата позиција, а претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во моментот во Брисел се разгледуваат промените на Кривичниот законик, вели евроамбасадорот Гир

И Мерко ќе се „спаси“ со измените на Кривичниот законик, објави СДК

Кои судски предмети застаруваат со измените на Кривичниот законик

МИА/Фото: Амбасада на САД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за организаторите на „27 април“, како сведок е повикан Заев

Редакција

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Албанија

Редакција

Нема поместување во позициите на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство

Редакција