еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Со експлозија „Бехтел и Енка“ ги почна градежните работи на Коридорот 8 

Во село Горна Бањица со експлозија почнаа градежните работи на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар – Букојчани (30,1 километар) на Коридорот 8.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „Бехтел и Енка“ им се префрлени 176 или 179 милиони евра, вели директорот на ЈП за државни патишта

-Ова е прва реална активност со која почнува изградбата на двата коридора. Тоа што сите го очекувавме го реализираме денеска, а го ветивме минатата недела. Тука каде што стоиме поминува новиот автопатот Гостивар – Кичево, а материјалот од минирањето ќе биде искористен за Тетово – Гостивар и за страничниот пат од Тетово.

На најтранспарентнен, најотворен начин ги вршиме работие за да се убеди јавноста дека коридорите ќе се изградат во рекордно време и на најквалитетен начин, рече првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д, Артан Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И „Еуровиа“ меѓу подизведувачите на „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар – Букојчани

На настанот присуствуваа американската амбасадорка Анџела Агелери, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

Со Договорот што го потпиша Владата со „Бехтел и Енка“ е предвидена изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан на Коридорот 8 и на автопатската делница Прилеп – Битола на Коридор 10д.

До проектната единица – Јавното претпријатие за државни патишта веќе се доставени инфраструктурни проекти за сите делници, освен за Требешништа – Струга – Ќафасан. Доставени се и елаборати за експропријација за Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а до крај на месецов се очекуваат елаборати и за Прилеп-Битола.

На „Бехтел и Енка“ досега им се исплатени две транши, од 117 милиони евра и од 53 милиони евра согласно Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, со која за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра. 

МИА/Фото: Бочварски/Фејсбук/видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОКТА главен спонзор на националната кошарка во претквалификациите за Олимпијадата 2024 и квалификациите за Евробаскет 2025

Редакција

Бугарија ја саботира резолуцијата за македонско-американско наследство во САД, ново отворено непријателство од Софија

Редакција

Истражување на ЦГК: Само 1% од тендерите се контролираат, а кај секој петти има неправилности

Редакција