еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На „Бехтел и Енка“ им се префрлени 176 или 179 милиони евра, вели директорот на ЈП за државни патишта

Директорот на ЈП за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми денеска рече дека на конзорциумот „Бехтел и Енка“ му се префрлени 176 или 179 милиони евра. Сите исплати, како што напомена Рустеми, се вршат врз основа на потпишаниот Договор и финансиската програма.

Рустеми потенцира и дека целосна надлежност за подизведувачите има „Бехтел и Енка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И „Еуровиа“ меѓу подизведувачите на „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар – Букојчани

-Ниту Владата, ниту ЈПДП имаат каква било надлежност во изградбата и изведувањето на работите“, нагласи директорот, одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на градежните работи на Коридорот 8 во село Горна Бањица.

Тоа го потврди и првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д, Артан Груби.

-Ниту Владата, ниту која било политичка партија или министер, не си дозволува, нема право, не смее и нема можност да влијае врз изборот на подизведувачи. Тоа го прави „Бехтел и Енка“. Нивна одговорност е да го изградат патот, но и кого да изберат, зашто ако не го изградат патот ќе сносат одговорност, и тие и подизведувачите, истакна Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Со експлозија „Бехтел и Енка“ ги почна градежните работи на Коридорот 8 

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студии: Излекуваните од Ковид-19 развиваат имунитет

Редакција

Притвор и истрага за Љупчо Палевски, првоосомичениот за убиството на Вања и Панче

Редакција

Вози Нисан: Каков имот пријавила судијката Софија Лаличиќ

Редакција