еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Плата над 31 илјада денари плус додаток за станбено обезбедување: Објавен оглас за прием на 150 професионални војници

Министерството за одбрана (МО) денеска го објави Јавниот оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава.

Условите се кандидатите да се полнолетни државјани на Македонија, да имаат завршено најмалку средно образование, да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.

Платата на идните професионални војници од моментот на склучување на договор, информираат од МО, ќе изнесува над 31.000 денари со дополнителни над 10.000 денари – средства за станбено обезбедување.

Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини: – по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е маил: [email protected], до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казино „Фламинго“ и хотел ќе ги отстапи собите како место за изолација и карантин

Редакција

СДСМ: Точно знаеме што се крие зад предлог-законот за амнестија

Редакција

Одлуки на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Референдумот е неуспешен, на избори само со „Пржинска влада„

Редакција