еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) “Таб Мак„ од Пробиштип доби фотоволтаичната централа

Фабриката „Таб Мак“ од Пробиштип доби фотоволтаичната централа.

Инвестицијата е вредна 6 милиони евра.

Како што информираат од таму, истата е со моќност од 8,6 MW и е изградена на земјиште од 10 хектари. Содржи 15.288 бифацијални фотоволтаични панели од монокристален тип, кои се поврзани во серија на стринг инвертери, кои понатаму се поврзани со две трансформаторски станици со моќност од 4.500 k VA, приклучени на сопствената, претходно постоечка трансформаторска станица со моќност од 10/35 kV.

Со оваа стратешка инвестиција, како што информираат од таму, се обезбедуваат во просек околу 25% од потребите за електрична енергија на фабриката “Таб Мак“. На годишно ниво, планираното производство на електрична енергија изнесува 13.256 MWh.

“Во време на општа енергетска криза, имајќи ја предвид непредвидливата ситуација со снабдувањето на енергија во изминатиот период, а сѐ со цел продолжување на производство со акумулаторски батерии по конкурентни цени, донесовме стратешка одлука за инвестиција во делумно само-снабдување со електрична енергија во “Таб Мак“ во Пробиштип.

Целокупната инвестиција е планирана во три фази, од кои првата, завршена во февруари оваа година ја опфаќа фотоволтаичната централа која официјално ја пуштивме во употреба. Со овој чекор, уделот на електрична енергија од обновливи ресурси во групацијата “Таб“ се зголемува на вкупно 25%, што претставува голем чекор во правец на зголемување на одржливоста на природата и иднината“, изјави Роман Бурија, извршен директор на “Таб“ Словенија.

По реализација на првата фаза, како втора фаза од инвестицијата предвидена е изградба на фотоволтаична електрана со капацитет од 3,2 MW на покривите на постојните објекти во “Таб Мак“, додека пак во третата фаза, би требало да се изгради поголем индустриски објект за складирање електрична енергија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување за 87,5%: Исплатените штети за приватно здравствено осигурување достигнаа 1,5 милиони евра

Редакција

МВР склучи договор со “Симболико“ вреден 575,6 илјади евра

Редакција

„Соларпро холдинг“ го доби тендерот на гевгелиската болница за набавка на струја вреден 95.000 евра

Редакција