еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пак поскапуваат дел од горивата  

Бензинот Еросупер БС-95 поскапува за половина денар, а дизелот и екстра лесното за денар, од ноќеска на полноќ, со одлуката што ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар Еуросупер БС – 95  ќе изнесува 90,5 денари, а останува иста цената на Еуросупер БС – 98 и ќе изнесува 92,5 денари. Литар Еуродизел БС (Д-Е V) со поскапувањето ќе чини 87 денари, додека новата цена на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) ќе изнесува 86 денари.

Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,964 денари и килограм ќе чини 48,268 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на одлуката од 15 месецов.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,225 проценти, кај дизелот за 1,906 проценти, кај екстра лесното масло за 1,619 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 1,445 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој се формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,042 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Енерџи деливери солушнс“ го доби тендерот на Клиниката за гинекологија за набавка на струја вреден 195.000 евра

Редакција

Твитер „поцрвене“: „Павле повлече нога, ајде да ви се множат оставките! Кој е следен?“

Редакција

Детален преглед: Какви хронични заболувања имале вакцинираните лица кои минатата недела починале од Ковид-19

Редакција