Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на основање на здружение на граѓани рагби клуб Рудар донесе решение со кое се одобрува пријавата.
„Цели и задачи на здружението се: да го развива, афирмира и регулира рагби спортот во сите негови форми на територијата на Пробиштип и Република Македонија, да се грижи и штити за рагби натпреварување на клубот во соодветниот ранг, да обучува и едукација на нови и млади перспективни рагби играчи, организирање на турнири, на првенствени натпревари и одигрување на пријателски натпревари како домаќини или гости и воопшто активирање на млади луге во клубот како рагбисти, да извршува и други активности кои се од интерес на рагби спортот во општината и Република Македонија“, пишува во образложението.
Фото: rugbyshirtwatch.com