еМагазин
Image default
Спорт

Македонски фудбалски интернационалец кој игра во Косово, позитивен на корона вирусот

Македонскиот фудбалски интернационалец Изаир Емини е позитивен на коронавирусот, објавија косовските медиуми, пишува „Екипа.мк“.

Емини оваа сезона е член на косовскиот тим Дрита Гњилане, а се покажал позитивен на Ковид-19 на последното тестирање. Сепак, не чувствува силни симптоми на коронавирусот и засега е во домашна изолација.

Тоа е првиот македонски спортист кој официјално е позитивен на тестирање на Ковид-19.

Во Македонија, заболе и боречкиот тренер Љубиша Пешко, но по неколкудневен болнички третман успешно ја надмина болеста, пишува Екипа.

Емини во Македонија играше за Ренова и за Шкендија, а претходно беше интернационалец и во првенството на Албанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пандев: Против Украина одиме на сè или ништо

Редакција

РФМ ќе субвенционира 40% од износот на билетите за натпреварите на националниот тим во Скопје на 5,7 и 9 ноември

Редакција

Четврто издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“

Редакција