еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

27-годишно момче од Куманово почина во САД, на семејството му треба нашата помош да го врати дома

Дваесет и седумгодишниот Марко Трајковиќ од Куманово почина во САД по незгода со велосипед.

Семејството и пријателите на Марко бараат помош од граѓаните да се покријат дел од трошоците за транспорт на неговото тело во Македонија, кој чини 20.000 долари.

Отворен е повик за донација преку платформата GoFundMe, каде сите хумани граѓани можат да донираат.

Марко по завршување на средното образование заминал на студии во САД, каде добил стипендија и се стекнал со диплома за веб дизајн.

– Неговата мајка која сега остана сама посакува тој да биде погребан со семејството на семејните гробишта во Куманово. Сепак, последното патување на Марко нема да биде возможно без ваша помош.

Сакаме да ѝ помогнеме на мајката на Марко максимално непречено да го помине овој тежок период и достоинствено да се збогува со својот син.

Ве повикуваме да ни помогнете Марко достоинствено да го заврши своето последно патување и да најде мир во своето вечно почивалиште во својата татковина Македонија, стои во повикот за донации.

Сите заинтересирани можат да донираат ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Болниците се полнат, во потешка состојба 58 пациенти заразени од корона вирусот

Редакција

Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца

Редакција

Петков предлага формирање на пет работни групи и средба во јануари со новиот премиер на Македонија

Редакција