еМагазин
Image default
Македонија

„Држи ли вода“ иницијативата на Левица: И референдумот во 1991 имаше двосмислено прашање

Очите на македонската јавност денеска се вперени во Уставниот суд кој треба да ја оцени иницијативата на „Левица“ со која се бара референдумот за прифаќање на договорот со Грција и зачленување во ЕУ и НАТО да биде прогласен за неуставен.

За Левица спорни се референдумското прашање, ратификацијата, како и видот на референдумот. Оттаму сметаат дека прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано.

„Во референдумското прашање веќе се крие посакуваниот одговор или барем подобниот начин како треба, т.е. како е „правилно“ да се одговори, и тоа исклучиво во пакет, односно „во тројка“!? Па така, доколку сте ЗА едно од трите понудени прашања, автоматски сте принудени да бидете ЗА и за останатите две, и покрај фактот што можеби тоа не е вашата вистинска волја. И обратно, ако сте ПРОТИВ било кое од трите прашања, автоматски произлегува дека сте против сите три – што, реaлно, не мора да значи! Колку за илустрација, ваквите неразбирливо поставени, извртени и сугерирачки прашања се забранети во нашето процесно право: „Не е дозволено да се поставуваат прашања во кои веќе е содржано како би требало да се одговори“! [чл. 229, ст.1 од Законот за парнична постапка (2005)]; а слична ваква појаснувачка и ограничувачка одредба содржи и чл. 208 од Законот за кривичната постапка (2010), кога го регулира судското испрашување на сведоците и на вештаците“, напиша неодамна Димитар Апасиев од Левица.

Сепак, прашање е како Уставниот суд ќе го оцени овој аргумент со оглед на тоа што во 1991 година прашањето на референдумот гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија?“, што е исто така двосмислено на своевиден начин, бидејќи освен осамостојувањето се спомнува стапување во сојуз на држави.

И покрај многубројните забелешки на прашањето во 1991 година, референдумот се одржа, а Македонија стана самостојна држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за постапката: Ќе си легне ли Уставниот суд на брашното или ќе го запре референдумот?

Кои се уставните судии кои ќе одлучуваат дали ќе се стопира постапката за референдумот за името

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителката Стефанова побара сите обвинети за случајот „Плацеви на Водно“ да бидат прогласени за виновни и конфискација на имотот на Груевски

Редакција

Убава вест: Оздравени 543 болни од Ковид-19

Редакција

Намалување за 35,3%: Минатата недела 44 смртни случаи од Ковид-19

Редакција