еМагазин
Image default
Македонија

Детали за постапката: Ќе си легне ли Уставниот суд на брашното или ќе го запре референдумот?

Уставнииот суд на Македонија денеска треба да донесе можеби една од најважните одлуки на оваа институција односно да одобри или да го запре одржувањето на референдумот по иницијативите на Левица и Светскиот македонски конгрес.

За граѓаните да имаат појасен увид во начинот на работа на уставните судии Ви поренесуваме дел од деловникот на судот:

Седницата на Уставниот суд почнува со утврдување на дневниот ред.

За секој предмет се определува судија-известител, освен за предмети кои се дадени во работа на судија во претходната постапка.

За секоја точка од дневниот ред се води расправа за спорните правни и фактички прашања и се одлучува.

Доколку Судот во текот на расправата по одделно прашање оцени дека постојат основи за менување на веќе заземен став или по предметот се потребни дополнителни проучувања, ќе го одложи одлучувањето заради преиспитување на веќе заземениот став односно заради дополнителни проучувања и ќе определи насоки за тоа.

Решенијата, односно одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број судии на Уставниот суд, освен кога со Уставот, односно со овој деловник не е поинаку определено.

Судија на Уставниот суд кој е спречен да присуствува на седницата може за предметот да даде писмено мислење.

Судијата што гласал против одлуката или што смета дека таа треба да се заснова на други правни основи, може да го издвои своето мислење и писмено да го образложи.

Издвоеното мислење се објавува во “Билтенот на Судот” и во службеното гласило во кое се објавува одлуката на Судот.

За текот на седницата се води записник. Записникот особено содржи: време и место на одржување на седницата, имињата на присутните судии по азбучен ред на презимето и на другите присутни, усвоениот дневен ред, одлуката односно заклучокот за секоја точка од дневниот ред, со означување на судиите што гласале за и против одлуката.

За одделни предмети во кои се поставуваат позначајни уставно – правни прашања се обезбедува стенографирање односно магнетофонско снимање на текот на расправата.

Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Во случаите од став 1 на овој член Уставниот суд е должен да ја оконча постапката, во најкраток можен рок.

Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата: ако не е надлежен да одлучува за барањето; ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување и ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се уставните судии кои ќе одлучуваат дали ќе се стопира постапката за референдумот за името

„Држи ли вода“ иницијативата на Левица: И референдумот во 1991 имаше двосмислено прашање

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) “Твоја Македонија“: ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 24 партии за престојните избори

Редакција

Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори, најави Заев

Редакција

Апелација ја укина пресудата за „бомбашот“ Ел Чека

Редакција