еМагазин
Image default
Македонија

Утврден составот на Анкетната комисија за Онкологија

Рашела Мизрахи од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ треба да раководи со Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, според одлуката на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, којашто го утврди составот на комисијата.

Според одлуката, членови на Комисијата ќе бидат Антонио Милошоски, Гордана Сиљановска Давкова, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов и Петар Ристески од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Даниела Маркоска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски и Марија Георгиевска од СДСМ и коалицијата, Арбен Зибери и Бедри Фазли од ДУИ и Ремзи Мехмеди од Алијанса за Албанците.

Заменик претседател, според утврденит предлог, ќе биде Александар Вељановски (ВМРО-ДПМНЕ), а заменици членови Дајанчо Ефтимов, Дафина Стојаноска, Драган Ковачки, Тони Јаревски, Зоран Коцевски (ВМРО-ДПМНЕ), Миле Талевски, Маја Морачанин, Бети Рабаџиевска Наумовска и Соња Мираковска (СДСМ и коалицијата) Бајрам Кадрија и Берат Ајдари (ДУИ) и Артина Казими од Алијанса за Албанците.

Составот на Анкетната комисија треба да помине и на пленарна седница.

Одлуката за Анкетната комисија беше донесена на 20 септември, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија, Јавното обвинителство на почетокот на месецов отвори предистражна постапка.

Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвика реакции во јавноста и низа протести.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и САД склучиле договори вредни над 20 милиони евра, дел се за набавка на софистицирани дронови

Редакција

Денеска и утре нова средба на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања

Редакција

Нови 29 случаи на Ковид-19 од 3.856 тестирања, бројката на активни се намали на 999

Редакција