еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Мајка го запалила станот во Хром, за да го прикрие убиството на 36-годишниот маж сторено од нејзиниот син

Триесетдневен притвор доби мајката на осомничениот за убиство во скопската населба Хром, која предизвикала пожар во станот на 36-годишниот И.Ј. откако нејзиниот 39-годишен син го извршил убиството. Мајката е лишена од слобода, а нејзиниот син е во бегство.

-Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство, информираат од Јавното обвинителство (ЈО).

– Доказите обезбедени до овој момент даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство на свиреп начин. Осомничениот го сторил делото по кратка расправија со жртвата, лишувајќи го од живот оштетениот со повеќе од 45 убодни рани во вратот и телото, известуваат од ЈО.

По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство.

– Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот и телото на станарите коишто живеат во зградата, велат од ЈО.

Против осомничениот, кој е недостапен на органите на прогонот, ќе биде поведена истрага за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1, како и за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството за него ќе предложи притвор како мерка за обезбедување по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

– За неговата 59-годишна мајка, како соизвршител, поведена е истрага за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Таа е лишена од слобода и по предлог на јавен обвинител, определен и е притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ги скрие или уништи трагите од делото или дека ќе влијае врз сведоците, известуваат од ЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж во бегство, скопјанка во привор за убиството на мажот кој изгоре во стан во скопски Хром

35-годишниот маж кој изгоре во стан во Хром бил убиен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР нема да издава лични документи од 23 до 27 јуни

Редакција

Пронајдени 459 гранати во близина на стадионот „Тумбе кафе“ во Битола

Редакција

Грчки медиуми: „Заев се спаси во последната минута“

Редакција