еМагазин
Image default
Локално

Почина пожарникар при гаснење на пожар во Скопје

На 18.09.2018 година околу 16,30 часот во Скопје, во непосредна близина на транзитниот центар за странци е опожарена поголема површина на сува трева и неколку дрвени куќички (напуштени гулабарници), додека во делот на транзитниот центар е зафатена помала површина на сува трева, информира МВР.

Пожарот е изгаснат од екипи на Противпожарната единица. При гасењето на пожарот на пожарникарот Г.Ј.(47) од Скопје му се слошило и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Во 18.30 часот Г.Ј. починал. Со наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападнат возач на ЈСП

Редакција

Дрско однесување на негувателка во градинка, вонреден инспекциски надзор во „Буба Мара“

Редакција

Приведена 50-годишна жена која дрско и непристојно се однесувала кон полицајците на Меѓународниот аеродром ТАВ

Редакција