еМагазин
Локално

Почина мотоциклист во сообраќајка во скопско

На 18.09.2018 година околу 19,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Кадино – село Марино се случила сообраќајна незгода вo која учествувале патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.Ѓ.(37) од село Петровец, скопско и моторцикл „Сузуки“, управуван од Т.В.(32) од село Кадино, скопско, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.В. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде во 22 часот починал. А.Ѓ. и сопатникот од возилото Н.Б.(44) биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ и од страна на лекар на возачот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на сопатникот телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осумгодишно девојче се удавило во базен во бањата Косоврасти

Редакција

Почина пешак по удар од „ауди“

Редакција

Воз удри во маж кај Кисела Вода, загинал на лице место

Редакција