еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Станари се евакуираат од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“ поради присуство на непозната материја

Поради остар мирис кој го отежнува дишењето евакуирани се жителите од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“, во скопската општина Аеродром.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томески за МИА изјави дека повредени нема. Во тек е интервенција и известени се и другите служби.

Според првичните информации, пријавено е во полиција дека некој фрлил непозната материја во еден од влезовите.

Во моментов полицијата врши увид, а на терен се противпожарно и амбулантно возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Специјалци ги евакуираа станарите на станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“

МИА/Фото: а1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР во акција: Санкционирани 160 прекршоци на мотоциклисти

Редакција

Малолетници ќе направеле „беља“ играјќи си со оган во училиште во Скопје

Редакција

Нападнат келнер во угостителски објект на плоштад Македонија

Редакција