еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Денеска милиони Муслимани за подршка на Газа ќе ги преплават улиците на Блискиот исток, но и ширум светот

Денеска се очекува милиони Муслимани за подршка на Газа да ќе ги преплават улиците на Блискиот исток, но и ширум светот.

Во голем број муслимански земји, но и низ светот веќе имаше масовни протести за прослава за нападот на Хамас на Израел, како и за подршка на Газа, која со денови е цел на израелски напади, а најмногу страда цивилното население.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Потресни снимки од убиените во Газа, меѓу кои над 447 се деца, а 248 жени

(Видео) Сателитски снимки покажуваат колку е уништена Газа по нападите од Израел

Во Европската унија пак протестите на Палестинците се забрануваат, а во Германија и Франција полицијата употреби и сила да ги спречи истите.

За денеска повик за протест испрати поранешниот лидер на Хамас, Калед Мешал, кој го повика муслиманскиот свет да протестира за поддршка на Палестинците и соседните земји да се приклучат на војната против Израел, во која веќе се инволвирани Сирија и Либан, кои го нападнаа Израел, а тој возврати.

„В петок мораме да одиме на плоштадите и улиците на арапскиот и исламскиот свет“, рече Мешал, кој моментално ја води канцеларијата на дијаспората на Хамас, во порака испратена до западни новински агенции.

Тој изјави и дека владите и народите на Јордан, Сирија, Либан и Египет имаат голема должност да ги поддржат Палестинците.

„Ова е моментот на вистината, вие сте блиску до границите и сите знаете каква е вашата одговорност“, рече Мешал, кој се наоѓа во Катар.

Јордан и Либан се земјите со најголем број палестински бегалци.

„За сите оние кои предаваат џихад… за сите оние кои предаваат и учат, ова е моментот да се применат (теориите)“, вели високиот претставник на Хамас.

Училиштата во Холандија денеска нема да работат, полицијата во Франција ја зголеми заштита на дел од француските пратеници. Во Германија пак е зголемена заштитата на Евреите и нивните објекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Хамас, која го нападна Израел

Полска пак предупреди дека со доаѓањето на бројните мигранти поради новата војна, во ЕУ ќе пристигнат и милитанти на Хамас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки фотографии) Нетанјаху објави фотографии од запалени бебиња за кои тврди дека се жртви на Хамас

(Вознемирувачки видеа) Појасот Газа е срамнет со земја по нападот на Израел

Видео: Алџезира/Гласот на Америка/Global news/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Завршува Вевчанскиот карневал: „Се напрај василичар?! – Се напрајв!

Редакција

Наставник од Струмица осомничен за полов напад врз дете

Редакција

На готови делови на автопатот Кичево-Охрид пред Нова година имало 11 свлечишта

Редакција