Во август годинава се издадени 344 одобренија за градење, што е за 9% помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.038.158 илјади денари, што е за 23,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 157 (45,6 %) се наменети за објекти од високоградба, 121 (35,2 %) за објекти од нискоградба и 66 (19,2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 344 објекти, на 180 (52,3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 164 (47,7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 943 станови, со вкупна корисна површина од 66.791 м2.