еМагазин
Image default
Бизнис

Бројот на туристи во август зголемен за 22%

Во земјава во август годинава се евидентирани вкупно 216.872 туристи, од кои 114.811 (52,9%) биле домашни, а 102.061 (47,1%) странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, тие оствариле 877.138 ноќевања, од кои 75,2 отсто ги оствариле домашните, а 24,8 отсто странските туристи.

Во првите осум месеци од годинава за 22 отсто е зголемен бројот на туристите во споредба со истиот период лани при што кај домашните туристи има зголемување за 0,4, а кај странските за 42,4 отсто.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 9,6 отсто и тоа за 1,2 отсто кај домашните и за 25,5 отсто кај странските туристи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на болницата во Кавадарци за набавка на масло за горење вреден 180.000 евра

Редакција

Тетекс ќе дели дивиденда

Редакција

Дополнување на предлог-ребалансот на буџетот: Владата прифати осум амандмани

Редакција