Наскоро на милитантите на Хамас кои го напднаа Израел, ќе им се придружат и тие од либанско движење Хезболах, поддржано од Иран.
Ако тоа се случи светот ќе биде многу поблиску до Трета светска војна, кој и така е на ивица по војната помеѓу Русија и Украина, на која не и се гледа крајот.
Истата би започнала токму на Блискиот Исток, а во истата би се вклучиле сите милитантни групи под контрола на Иран, кој држи под контрола над 100.000 милитанти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Хамас, која го нападна Израел
(Вознемирувачки видеа) Објавени потресни снимки од почетокот на нападот на Хамас на Израел
Која е Хезболах
Хезболах или Хизболах, односно Хизб Алах, значи Божја партија. Претставува шиитска либанска проиранска (формално) паравоена организација, која беше создадена во 1982 година како одговор на упадот на Израел во јужниот дел на Либан.
По 18 години, военото крило на Хезболах („Исламски отпор на Либан“) по многу загуби нанесени на Израелците, го принуди Израел во 2000 година на повлекување.
Моментален водач на движењето е Хасан Насралах, кој е на таа позиција од 1992 година.
Движењето беше прогласено за терористичка организација од страна на шест земји, вклучувајќи ги и САД и Обединетото Кралство.
Во моментов, движењето прерасна во организација која има широк спектар на активности, вклучувајќи и радио, телевизија, весници, училишта, болници, социјални институции, а некои членови се и во состав на либанската влада.
Главниот финансиер е Иран, а одредена помош доаѓа и од Сирија.
Воениот дел на Хезболах располага со околу 1.000 вооружени лица и околу 10.000 во резервен состав.
Неговата воена тактика главно се заснова на ракетирање на израелски цели, а во посебна група се и ракети со домет до 150 км. Во нападите се исклучува употребата на бомбаши-самоубијци, а исто така, барем во принцип, не напаѓаат цивилни цели. Хезболах се оградил од работата на Ал Каеда и во своите соопштенија ги осудува нападите врз цивилите.
Во Граѓанската војна во Сирија учествуваше на страна на Алавитите, кои исто така се дел од Шиитите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Масовни протести на улиците низ Блискиот Исток и низ светот за подршка на Газа
(Вознемирувачки видеа) Потресни снимки од убиените во Газа, меѓу кои над 447 се деца, а 248 жени