Во низата судски случаи кои деновиве застаруваат благодарение на измените на Кривичниот законик, влезе и „Змиско око“.
Овој судски процес траеше маратонски, дури 16 години, а последното рочиште, пред да се донесе правосилна одлука се одржа вчера.
Обвинителството го повлече обвинението, а Кривичниот суд донесе одлука за застареност на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања.
Триесет и осумте обвинети за голготата која ја поминаа најавија дека ќе бараат максимална оштета од државата.
Тие сепектакуларно беа уапсени во 2007 година, а се гонеа дека злосторнички се здружиле и дека не издавала фискални сметки за платени патарини, а парите ги деле меѓусебе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
.Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.