еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Германија, Австрија и Чешка против барањето на ЕУ за хуманитарен прекин на огнот во Газа

Во Европската Унија Германија се спротивстави на барањата за прекин на огнот од хуманитарни причини во Појасот Газа.

– Сега најважна е борбата против тероризмот, изјави денеска во Луксембург министерката за надворешни работи Аналена Бербок, јави германската агенција ДПА.

На состанокот со колегите министри од ЕУ, таа изјави дека „очигледно е дека Израел се уште трпи масовни ракетни напади“.

„Ќе има мир и безбедност за Израел и Палестинците само ако има борба против тероризмот“, додаде таа, мислејќи на нападите на исламистички Хамас врз Израел.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш претходно повика на итен прекин на огнот од хуманитарни причини. Гутереш поттикна и дискусија во ЕУ – дали Унијата треба да го поднесе истото барање.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, денеска пред почетокот на состанокот во Луксембург изјави дека министрите ќе разговараат за повикот на ОН за „хуманитарна пауза“ и дека сега „најважно е хуманитарната поддршка да оди во Газа. “.

Шпанија, Белгија, Холандија и Ирска недвосмислено се за прекин на огнот. Од друга страна, Австрија и Чешка имаат иста позиција како Германија, додава ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) 40% се деца: Израел досега уби 4.651 Палестинци

МИА/Фото: Израелско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На аеродромите во Скопје и Охрид, пораст на превезените патници за 41%

Редакција

(Галерија) Кои се најуспешните албански компании во Македонија?

Редакција

Инфлацијата руши рекорди во Турција, стигна до 80%, највисоко ниво во изминатите 24 години

Редакција