еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Максим Димитриевски на 9. октомври ја почнува иницијативата за формирање партија

Во емисијата Само Интервју на Канал 5 телевизија, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски најави дека на 9. октомври ја почнува иницијативата за формирање партија во хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Тогаш ќе биде организиран настан за формирање и потпишување на иницијатива за формирање на нов субјект на политичката сцена во Македонија, рече тој.

-Иницијатори се сите досегашни претседатели на здруженијата кои што ги формиравме низ целата држава и очекувам голем број на луѓе истомисленици, независни интелектуалци, рече Димитриевски.

Тој ги повикува сите граѓани истомисленици за како што вели, оние коишто мислат дека може нешто позитивно да се случи во Македонија да се приклучат на неговата иницијатива.

-Потребни се промени и факт е дека ние живееме во црно-бел свет во којшто е длабоко политички поделен и ваков нов политички субјект со форма на граѓанско движење и иницијатива, всушност може да доведе и до обединување во државата и да биде сериозен фактор и носител на идната власт.

Ние претходно во Општина Куманово успеавме со една граѓанска иницијатива да победиме. Има многу луѓе кои што ќе се појават на оваа иницијатива коишто значат во нашето општество, а всушност никогаш не добиле шанса затоа што политичките системи се со затворени врати за таквите.

Таму се оди по системот Јас тебе војводо, ти мене сердаред, секој меѓу себе се наградува. Кај нас квалитетот ќе добие шанса во однос на квантитетот. И многу е погрешен пристапот да се врзуваме околу поединците.

Максим не може да биде партија, поединецот е само репрезент на основните идеи кои доаѓаат од политичкиот субјект. Тимот е тој што победува и тимот на Максим Димитриевски победи во Куманово и знае што треба да направи во иднина за да победи во Македонија и Македонија да ја направи посреќно место за живеење, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски за првпат зборува за приватниот живот: Сопругата Надица ми е коректор

Фото: Димитриевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанчев го откажа протестот пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се протестира „онлајн„

Редакција

Во велешката болница уште еден починат од Ковид-19

Редакција

Пресуда за обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“ на 28 февруари

Редакција