еМагазин
Македонија

Обвинителството формира комисија за следење евентуални нерегуларности на референдумот

Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот, и за таа цел е формирана Комисијата, а за претседател е назначен обвинителот Џељаљ Бајрами.

– Согласно своите надлежности јавниот обвинител на Република Македонија формираше Комисија за следење евентуални противправности поврзани со извршување кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30 септември 2018 година, информираат од Јавното обвинителство на РМ.

Според ЈОРМ проактивното и превентивно делување на Јавното обвинителство со формирањето на привремената Комисија е одговор на ставот дека настаните поврзани со претстојниот референдум се од поширок општ интерес во јавноста, каде има потреба од поголема организираност во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија.

Во привремената Комисија членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства.

Комисијата има за задача на дневна основа да ги следи сите настани поврзани со процесот на организирањето и спроведувањето на референдумот. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за извршени нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да ги преземат сите дејствија за утврдување на сите релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.

Целта на Јавното обвинителство на Република Македонија е на овој начин да се потенцира борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето и да се даде поголем придонес кон нивно сузбивање и превенирањ

Во таа насока, како што додаваат во соопштението, Јавното обвинителство на Република Македонија, преку Привремената комисија за следење на евентуални противправности ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на референдумот, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса – [email protected].

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

Миле Јанакиески поднел претставка до Хелсиншкиот комитет за човекови права

Редакција

Кои кандидати за нови уставни судии ги предложија власта и опозицијата

Редакција