еМагазин
Image default
Македонија

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на Основниот суд во Куманово 

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана Манев за претседателка на Основниот суд во Куманово.

Со девет гласа за и еден против, Манев беше избрана, бидејќи, според Советот, била единствен кандидат и ги исполнувала сите услови наведени во огласот.

Таа досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Основниот суд во Куманово.

За судијката Манев неодамна во јавноста имаше реакции по дописите од Министерството за правда со кои се бараше Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијката Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет.

Судскиот совет реагираше на изјавата на министерот за правда Кренар Лога, оценувајќи дека ова прашање е во надлежност на Институтот.

На денешната седница беше повторно донесена одлука да има оглас за избор на претседател на Основниот суд Велес, бидејќи единствениот пријавен кандидат на претходниот оглас немал доставено уредна документација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оставка на премиер, повлекува оставка на Влада: Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник

Редакција

Ковачевски – Макрон: Франција е посветена на европската перспектива на Македонија

Редакција

Заев: Пратеници време е!

Редакција