еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Владата и општините скратија важни проекти за граѓаните во износ од 220 милиони евра за да ја „покријат“ кризата

Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ги објавија Истражувањата за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните, и на национално и на општинско ниво.

Клучните наоди од истражувањата  покажуваат дека за покривање на дополнителните расходи што ги наметна енергетската криза во 2022 година, Владата и општините вкупно жртвува проекти кои се од важност на граѓаните во вредност од најмалку 220 милиони евра.

„Владата жртвуваше проекти од најмалку 170 милиони евра како што се: реновирање на здравствени установи, купување медицинска опрема, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, како и проекти за унапредување на животната средина. Дополнителни 50 милиони евра капитални проекти требало да се реализираат од локалните власти.

За да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28% од капиталните расходи односно 130 милион евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“, како што се исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија.

Вкупните пријавени финансиски обврски на буџетските субјекти само во 2022 година се зголемиле за нови 186 милиони евра, односно за 30 %, со што достигнаа вкупен износ од 800 милиони евра.

Наспроти кратењето на проекти од важност за граѓаните, локалните власти се однесувале како да не е криза кога станува збор за трошоците за патни расходи, плати, договорни услуги и привремени вработувања кои дури пораснаа во 2022 година,“ се вели во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владејачката ПиС победи на изборите во Полска, но нова влада најверојатно ќе формира опозицијата

Редакција

МНР официјално и препорача на Владата да го прифати „францускиот предлог“

Редакција

Тупанчевски во Белград, Жерновски во Букурешт, кои се другите новоназначени амбасадори

Редакција