Вкупните инвестиции во основни средства на Алкалоид АД Скопје во периодот јануари – септември 2023 година изнесуваат 1.240.857.214 денари и во споредба со остварените во истиот период од 2022 година бележат раст од 47%, информираат од таму.
-Ваквото зголемување на инвестициите се должи на најголемиот инвестициски проект на Алкалоид во последните 20 години – новото производствено одделение за производство на цврсти форми 2 – со кој се зголемуваат капацитетите за производство на цврсти форми за повеќе од двапати, велат од таму.
Во периодот јануари – септември 2023 година во Алкалоид АД Скопје се реализирани 191 нови вработување во Македонија.
-Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2023 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина на нето-износот од 36.500 денари, велат од таму.
Групацијата Алкалоид брои 2.787 вработени, од кои 2.122 се во земјава, а 665 се вработени во подружниците во странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алкалоид со раст на извозот од 15% и консолидирани продажби од 202,7 милиони евра
Фото: Алкалоид