Винарската визба Попова Кула АД Демир Капија периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година го заврши со позитивен финансиски резултат во износ од 3.117 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.
-Друштвото споредено со минатата година овој период има помал финасиски резултат од своето работење, кое во голем дел се должи на помалиот извоз на вино.
Во периодот од 01.01 2023 до 30.09 2023 година Друштвото има остварено вкупни оперативни приходи во износ од 21.440 илјади денари.
Оперативните расходи изнесуваат 17.572 илјади денари. Истите се резултат од редовното работење на Друштвото – производство на вино, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Попова Кула со намалена добивка во првото полугодие
Винарската визба Попова кула лани работела со загуба