еМагазин
Image default
Бизнис

ЗК Пелагонија продава удели во неколку фирми, вредни 15 милиони евра

Собранието на акционери на ЗК Пелагонија донесе одлука за одобрување на продажба на удели на Комбинатот во неколку фирми, извести Комбинатот преку Македонската берза.

Станува збор за продажба на единствениот удел кој преставува 100% од основната главнина на Трговското друштво за производство на електрична енергија Пелагонија Енерџи ДООЕЛ Логоварди Битола, за купопродажна цена која не може да биде пониска од 8,5 милиони евра.

Продажба на единствениот удел кој преставува 100% од основната главнина на Друштвото за трговија и услуги Комплекс Александрија ДООЕЛ Битола, за купопродажна цена која не може да биде пониска од 5,5 милиони евра.

Продажба на уделот кој преставува 21,87% од основната главнина на Друштвото за хотелиерство и туризам хотел Маврово ДОО Маврово, за купопродажна цена која не може да биде пониска од 200 илјади евра.

Продажба на уделот кој преставува 59% од основната главнина на Друштвото за дистрибуција, трговија и услуги МКМ Експрес ДОО Скопје, за купопродажна цена која не може да биде пониска од 800 илјади евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ја продолжи работата на „ТЕ-ТО” со полна моќност до 15 април

Редакција

Адинг ги објави платите и наградите на менаџментот за минатата година

Редакција

Пад на извозот од 20,2%: Кина повторно меѓу петте најголеми трговски партнери на Македонија

Редакција