еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Угостителските услуги во октомври поскапи за 6,1%

Цените на угостителските услуги во октомври годинава во однос на истиот месец лани, се зголемени за 6.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативно, за периодот јануари – октомври 2023 година, споредено со истиот период од 2022, цените се повисоки за 10.5 %, додека во однос на декември 2022 година, зголемувањето е 3.9 %.

Цените на угостителските услуги во октомври, пак, во споредба со септември годинава, се повисоки за 0.3 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 % и Безалкохолни пијалаци за 0.3 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Говор на омраза за Македонците и на реваншот помеѓу Шкупи и Левски во Софија

Редакција

Уште Чифлиганец недостигаше во сапуницата „Рекет“

Редакција

Се појави нов супер британски вид на Ковид-19 кој може да избегне имунолошки одговор, вели професор од Оксфорд

Редакција