еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Температура во октомври во Македонија била повисока за 2,8 степени, месецот екстремно топол и сушен

Според мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец октомври 2023 година се карактеризира како екстремно топол и сушен, до многу сушен во јужниот дел на државата, во споредба со многугодишните просечни вредности на температурите на воздух и врнежите, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Средномесечната температура се движеше од 10,2°С во Лазарополе до 18,5°С во Гевгелија.

Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2010), годинашната октомвриска температура беше 2,8 степени повисока на ниво на држава.

Вертикалниот распоред на температурите имаше запазен тренд во однос на просекот, но со големо позитивно отстапување. Највисоката максимална температура е измерена на 13. октомври во Гевгелија и изнесуваше 30,6 степени. Најниската минимална температура, пак, е измерена во Берово, на 31. октомври и изнесуваше -0,6 степени.

Во октомври имаше невообичаено високи температури со присуство на есенски топлотен бран. Највисоката среднодневна температура од 24,7 степени на 8. октомври во Гевгелија ја надмина апсолутната највисока од 24,5 степени од 1994 година, исто така во Гевгелија.

Во октомври месец годинава, месечната сума на врнежи во државата варираше од 13 мм во Гевгелија до 53,1 мм во Маврово и Охрид.

Максимално дневно количество на врнежи од 25,1 мм беше регистрирано во Тетово на 26. октомври.

Споредено со октомвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи е помала за 39 мм или со 60% недостаток од просечната на ниво на држава, се вели во анализата на УХМР.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба Османи-Фархан Ал Сауд: Голем потенцијал за директни инвестиции во земјава, како и пласман на земјоделските производи

Редакција

Времето во прилог на енергетската криза: Сончево и топло и во следните денови

Редакција

“Beatyspot 2“, втора изложба на Иван Аџиевски од 8. ноември

Редакција