еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски, Јанакиески, Пешевски нема да одговараат, застаре и случајот „Траекторија“

Поради измените на Крвичниот законик (КЗ) застре уште еден предмет на поранешното Специјално јавно обвинителство, „Траекторија“, кој се однесува на постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

На денешното судење Лиле Стефанова, која го води предметот, побара повлекување на обвинението против поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, поради настапување апсолутна застареност, а за другите тројца обвинети побара запирање на постапката поради измените на КЗ.

По предлогот на Јавното обвинителство и поради измените на Кривичниот законик, Судот донесе решение да се запре кривичната постапка против обвинетите – поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за патишта, Љупчо Георгиевски за злоупотреба на службена положба и овластување, како и обвинителниот предлог против Груевски за кривично дело примање награда за противзаконито влијание.

Трошоците за постапката паѓаат на товар на граѓаните.

Тие беа обвинети дека го оштетиле буџетот за 155 милиони евра.

Судењето за овој предмет почна во 2018 година и не стигна до првостепена пресуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Застаре и „Змиско око„, судењето траеше 16 години, обвинетите ќе бараат максимална оштета од државата

Застаре и предметот за Ивона Талевска и Љупчо Димовски, „Продуцент“

Мијалков нема да одговара за прислушувањето, застаре делото за „Таргет-Тврдина„, трошоците за судењето ќе ги платат граѓаните

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство ќе го истражува случајот со поткуп на Муса, од Албанија ќе бара оргинална снимка

Редакција

Претседателката на Антикорупциска, Ивановска: Потребна е проактивност од другите институции кога се работи за предмети кои се од особен јавен интерес

Редакција

Проф. Трајковски: „Aко овој чуден тренд на зголемување на ефективноста на вакцината против смртен исход продолжи да се зголемува, можеби бројките се штелуваат“

Редакција