еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До понеделник дожд и ветер, локално и во форма на невреме

Под влијание на циклонска активност попладне ќе има врнежи од дожд, најпрвин во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 70 км/час), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре ќе се задржи облачно и посвежо време со врнежи од дожд, на места обилни (над 40 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер.

Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а локални врнежи се очекуваат попладне во западните делови.

Во Скопје пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и утре во претпладневните часови. Ќе дува засилен повремено силен ветер од јужен правец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седницата на Советот за безбедност ќе се одржи во среда

Редакција

Нови 21 случај на Ковид-19 од 3.358 тестирања, во Скопје 13

Редакција

Владејачките партии нудат манифест за преговори со ЕУ, што пишува во него?

Редакција