еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Кога се роди Едон тежеше 940 грама, по 77 дена во болница си заминува дома

Уште една убава приказна за мал и вистински борец доаѓа од Клиниката за гинекологија и акушерство.

„По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.

Роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испративме со телесна тежина од 2.110 грама.

На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа.

На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон,“ се вели во објавата на ГАК на Фејсбук.

Фото: ГАК/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил директорот на Токсикологија, Петровски, кој е разрешен

Редакција

САД повикува на почитување на Преспанскиот договор и охрабрува продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија

Редакција

Во Македонија има повеќе жени заразени со корона вирусот

Редакција