еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Седмиот Media Festival Skopje ќе се одржи од 21 до 23. ноември во Кинотека и Котур

Седмиот Media Festival Skopje ќе се одржи од 21 до 23 ноември во Кинотека и Котур и истиот ја вперува камерата кон корупцијата и улогата на медиумите во вечната антикорупциска борба, информираат организаторите.

 

На фестивалското отворање новинари од Македонија и соседството ќе разговараат за (не)моќта на медиумите да се справат со овој сеприсутен феномен, а преку филмскиот избор кадарот се шири на глобалната медиумска сцена со исклучително квалитетни филмски и документарни остварувања кои нудат увид во повеќеслојноста на новинарската задача.

Медиумскиот фестивал Скопје, во организација на ПИНА, традиционално нуди и работилници за активни и надежни новинари, а преку дискусии и јавно презентирање на работата на колегите од Програмата за млади новинари Млади новинари – менторска поддршка и Програмата за жени новинари Program for women journalists/Програма за жени новинари на ПИНА, отвора простор за збогатување на домашната медиумска сцена.

Како и секоја година, содржините и на ова фестивалско издание закажано од 21 до 23 ноември, се бесплатни. Наскоро на [mfs.mk] ќе биде објавена комплетната фестивалска програма која заинтересираните ќе може да ја проследат во Кинотека и Котур кафе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг во анкета на ИРИ, води пред СДСМ со 8%

Редакција

(ВИДЕО) Актерот Вилијам Шатнер, капетан Кирк од „Ѕвездени патеки“ стана најстарата личност што некогаш летала во Вселената

Редакција

За Ципрас Преспанскиот договор е пример за Бугарија и Србија

Редакција