Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најави облачно време со повремени врнежи од дожд.
Врнежите, проследени со ретки грмежи, локално ќе бидат поројни, а на места ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот северозападен ветер.
Минималните температури во земјава денеска ќе се движат од 4 до 10 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 9 до 20 степени.
Облачно и врнежливо време се очекува и во Скопје. Дождот повремено ќе биде обилен. Температурите во главниот град денеска ќе се движат во интервал од 8 до 15 степени.
За утре УХМР најавува сончево време со мала локална облачност.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.