еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Од денеска затворен локалниот пат до Блаце

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека од денеска ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат до селото Блаце пред граничниот премин.

Од таму велат дека пристапот до Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин за што е поставена сообраќајна сигнализација.

-Се воведува режим на сообраќај на овој патен правец поради градежни работи на автопатот А4, делница ГП „Блаце” – Скопје (клучка „Стенковец”) подделница 1.

Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на два километри пред граничниот премин, сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заболени од корона вирусот се зголемува во сите скопски општини

Редакција

(Видео+фото) Мечка нападнала дански турист на Шар Планина откако им се доближил на нејзините мали мечиња

Редакција

ЕСМ Продажба ги испрати по пошта договорите за субвенционирано снабдување, поевтина струја од 1 декември

Редакција